МРСА се шири меѓу децата во градинка во Кисела Вода: Родителите во паника

ЈОУДГ „ Весели Цветови“ општина Кисела Вода Скопје, постапила согласно член 172 од Законот за заштита на децата со тоа што ја следела дневната здравствена состојба на децата и соработувала со установи надлежни за здравствена заштита на децата и спровела превентивни мерки за заштита на здравјето на децата. Имено веднаш по воспоставување на дијагнозата MRSA кај едно дете и воспитувач во објектот „Кокиче“ го извести Министертсвото за труд и социјална политика, Центарот за јавно здравје и основачот општина Кисела Вода и извршила дезинфекција во наведениот објект, информираат од Министерството за труд и социјална политика за КУРИР.

Инаку, бактеријата МРСА се шири помеѓу дечињата во клонот Кокиче од градинката Весели цветови, а покрај четирите случаи загрижени родители за КУРИР денеска информираат дека се сомневаат на уште три нови случаи кај децата.

Откако пред два дена во медиумите се појави информацијата за заболени на три дечиња и една воспитувачка од бактеријата МРСА, мајка на дете кое оди во истата градинка за КУРИР изјави дека во градинката во моментов има уште три нови дечиња заболени од МРСА.

-Децата се примаат и чуваат во една просторија, дали некој се интересира за овој случај? Никој не презема ништо, ниту пак директорката Валентина Божиновска. Родителите немаат никаква информација за останатите вработени, дали се заразени со заразната бактерија или пак не, ни потенцира револтираната мајка.

Таа во разговорот за КУРИР вели дека градинката во вакви услови не смее да работи и дека ниту градоначалникот не презема ништо во врска со овој проблем.

-Согласно Законот за заштита на децата, надзор над стручната работа во остварувањето, згрижувањето, воспитувањето, престојот, негата и исхраната во јавните детски градинки врши Министерството за труд и социјална политика. Дополнително, министерството врши надзор над спроведувањето и примената на одредбите од Законот за заштита на децата и другите прописи кои се однесуваат на заштитата на децата и нивното згрижување во јавните детски градинки. Сепак, општината Кисела Вода постојано е во контакт со надлежните институции и со менаџментот на градинката „Весели Цветови“, во чиј состав е и објектот „Кокиче“. Имено, согласно последните податоци од Центарот за јавно здравје и менаџментот на градинката во моментов во овој објект се регистрирани вкупно 4 случаи на бактеријата МРСА од кои еден случај кај воспитувач и 3 случаи кај деца. Притоа, преземени се сите мерки, согласно Законот и известени се сите надлежни институции. Дополнително е извршена дезинфекција по индикација, односно вон редовниот термин за дезинфекција на 07.10.2019 година, од страна на Службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација при Центарот за јавно здравје. Истовремено, на ден 08.10.2019 год. Екипи од државниот санитарен и здравствен инспекторат – П.О. Кисела Вода извршија увид во објектот Кокиче. Ситуацијата континуирано се следи и во секој поглед се следат препораките од надлежните институции – Центарот за јавно здравје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, информираат од општината Кисела Вода.

Сепак загрижените родители секојдневно се во паника бидејќи нивните деца како што тврдат се чуваат во една просторија, а се сомневаат и во прописите на направената дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 18:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега