Мртов маж пронајден во река во Прилеп

Околу 16 часот било пријавено дека на место викано “Подводенци“ - Прилеп, во водите на локалната река пронајден бил починат 67-годишниот О.Н. од Прилеп.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

 

 

 

24.09.2018 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега