МТСП: Им дадовме пари на општините за да ги зголемат капацитетите на градинките

Согласно одлука донесена на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за труд и социјална политика денес потпиша 5 договори за меѓусебно регулирање на правата и обврските во однос на реализација на средства од капитални дотации. Министерството потпиша договори со Општина Бутел, Општина Кисела Вода, Општина Ѓорче Петров, Општина Аеродром, и Општина Карпош.

Со потпишувањето на договорите за проекти, Владата на Република Северна Македонија преку буџетот на Министерството за труд и социјална политика доделува на општините над 4 милиони евра

„Соработката на централната и локалната власт продолжува. Со потпишувањето на договорите Владата уште еднаш покажа дека потребите на граѓаните и развојот на општините е на прво место“, велат од МТСП.

19.12.2023 - 17:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега