МТСП: Почна исплатата на образовниот додаток
Во тек е исплата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната 2024/2025 година, информира Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди - за првиот мерен период во текот на декември, за вториот мерен период во февруари, за третиот мерен период во мај и за четвртиот мерен период - во текот на јули во тековната календарска година.
30.05.2025 - 13:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа