Му влегол во редакцијата на „Слободен Печат“ и му го украл паричникот (ВИДЕО)

„Слободен печат“ објави видео од безбедносни камери на кое може да се види едно лице како влегува во нивната редакција, ги пребарува јакните и од едната вади паричник.

„ Настанот беше забележан од нашиот службен видеонадзор, а снимките (од повеќе агли) се предадени во подрачната единица на МВР каде што е и пријавен настанот. Се надеваме дека МВР ажурно ќе ја заврши својата работа, а вам, драги сограѓани, ви советуваме да водите (сепак) малку повеќе сметка за вашите предмети, заклучувајте врати, внимавајте кој ве контактира и по кој повод, бидејќи, како што вели народната изрека, „кој се чува и Господ го чува“.“ – пишува Слободен Печат.

 

21.02.2024 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега