Муцунски: Бесплатен таблет за учениците од четврто одделение во Општина Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски објави дека учениците во 4-то одделение во основните училишта ќе добијат бесплатен таблет.

„Согласно со изборната програма и заложбата за осовременување на образовниот процес, секое дете кое посетува настава во 4-то одделение во основните училишта во Општина Аеродром, во новата учебна година ќе добие бесплатен таблет.

 
Предвидено е над 800 дечиња да добијат таблет, со што се остварува ветувањето за модерно и современо образование за секое дете во Аеродром. Со оваа мерка, покрај тоа што ќе се помогне на родителите и семејниот буџет, истовремено ќе се подигне свеста за дигитализацијата и модерните предизвици.
 
Овој проект ќе се имплементира секоја година и претставува континуиран процес што ќе им помогне на најмладите полесно да го совладаат образовниот процес.
 
Општина Аеродром во минатите неколку месеци стави особен акцент на инвестициите во образованието. Во сите училишта учениците добија смарт табли, на крововите беа поставени фотоволтаици, а неколку други училишта добија нова фасада, проширување на капацитетите и реновирање на просториите. Најмладите се наш врвен приоритет и овие инвестиции ќе продолжат и во иднина“, напиша на Фејсбук.

08.08.2022 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа