Муцунски дециден: Уставни измени во овој парламентарен состав, нема да има, ВМРО-ДПМНЕ нуди план во три точки
Уставни измени под вакви услови во мандатот на ова собрание нема да се случат и граѓаните кои со огромна бројка го поддржуваат таквиот став, воопшто нема потреба да се грижат. Во моментот нема услови за такво нешто пред се заради односот на Бугарија кон Македонија, вели Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „200“ на телевизија АЛСАТ М.
Во однос на тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во работните групи за уставните амандмани, Муцунски потенцираше дека одговорот на партија е јасен и дециден, и во таков процес нема да учествуваат.
Нашиот одговор е дециден. Во таков процес ние нема да учествуваме. Што се однесува до решавање на тој проблем кој што ние го имавме со нашиот сосед Бугарија, уште пред да се дојде до ова решение ние понудивме да бидеме дел од процесот, експертски да влеземе, да помогнеме, да и помогнеме на нашата држава, да создадеме консензус. Но, сега кога се најде решение, без наша консултација, и да се очекува дека ние ќе го преземе товар за одговорноста, притоа и самиот овој чекор не дава никаква предвидливост од гледна точка на тоа каков ќе биде европскиот пат на Македонија, е несериозно, рече Муцунски.
Според Муцунски, Македонија се соочува со голем предизвик во однос на надворешна политика, истакнувајќи дека ниту Бугарија не очекувала владата да е волку попустлива, укажувајќи дека треба државата да се консолидира внатрешно, а потоа и надворешно да се создаде план и методологија кои ќе значат вадење на Македонија од овој ќорсокак.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа