Муцунски: Додека некој се занимава со навреди, некој работи за иднината на Општина Аеродром

„Во Словенија се сретнав со Претседавачот на Европскиот совет за животна средина и Министер за животна средина и просторно планирање на Република Словенија Андреј Вижјак. Тој ни вети помош и поддршка во креирањето на Општина Аеродром во зелена општина, поддршка за сите еко проекти кои ги имаме во програмата! Словенија е најдобар пример за зелена нација која инвестира многу во животната средина и за нас овој состанок е идеален за да придонесеме во развој на Општина Аеродром“-изјави кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Тој додаде дека ќе си го земеле примерот од Словенија, и ќе имале поддршка за Аеродром да ја направат најбава општина.

Додека некој се занимава со навреди, некој работи за иднината на Општина Аеродром.

Време е сите заедно да создадеме нова, зелена иднина“-додаде Муцунски.

06.10.2021 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега