Муцунски: Почнува доградбата и надградбата на основното училиште „Блаже Конески“

 

Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски на својот фејзбук профил објави дека почнува доградбата и надградбата на основното училиште „Блаже Конески“ на површина од околу 2500 квадратни метри.

„Со ова, реализираме значаен капитален проект во областа на образовната инфраструктура, што претставува инвестиција во младите, иднината на општината и државата“, напиша тој.

„Свесни за потребата од нови инфраструктурни инвестиции во образованието, на почетокот на 2024 година започнуваме со доградба и надградба на училиштето „Блаже Конески“ која ќе се реализира во две фази и со која постојниот објект на училиштето ќе биде добие дополнителни 26 училници, 13 наставнички кабинети, голем централен хол, дополнителна спортска сала, просторија за библиотека и трпезарија со кујна на вкупна површина од околу 2500 квадратни метри“.
 
„Завршување на доградбата и надградбата значи и реализација на едно важно ветување пред граѓаните и проект со кој директно ќе се овозможи модерен и современ образовен процес каде учениците и наставниот кадар ќе имаат соодветни услови за реализација на наставата“, стои во објавата на Муцунски на социјалните мрежи.

 

19.12.2023 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега