Муцунски: Пописот да се одложи за кога ќе се подобри епидемиолошката состојба

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски денес во своето гостување во дневникот на телевизија Сител истакна дека денес пет часа во Собранието премиерот Заев се занимава со византиски игри наместо со проблемите на граѓаните.

-Денес во Собранието бевме сведоци на четири пет часовни византиски игри на кои што на крајот премиерот Заев докажа дека го има мнозинството коешто го има од месец август. Гледаме сега некој триумфализам. За мене искрено да ви кажам триумфализам ќе беше денес премиерот да дојдеше пред пратениците и да кажеше дека се обезбедени 100 000 вакцини да дојдеше да кажеше дека има нов пакет на економски мерки кои што ќе спасат работни места кои што ќе спасат компании кои што се на раб на ликвидност, рече Муцунски.

Во однос на пописот вели дека тој е неопходен, но оти се уште има време и можност тој да се одложи за некој период кога ќе се подобри епидемиолошката состојба и кога ќе може да се гарантира за здравјето на граѓаните.

-Не можеме да го оспориме фактот дека одредени дејствија почнаа да течат тоа е едн метод на електронско попишување на дијаспората, но теренското попишување на резидентното население сеуште не е почнато.Што значи дека ние сеуште сметаме дека постои време и простор пописот јас би рекол да се одложи. Тоа е легитимната и реалната теза во моментов. Во момент кога имаме очигледен трет бран на оваа пандемија во момент кога Македонија нема доволно вакцини за своите здравствени работници дали е нормално повеќе од 25 илјади луѓе да одат на терен ширум домовите во Македонија и потенцијално да бидат тие кои што уште повеќе ќе ја прошируваат оваа пандемија, нагласи Муцунски

Рече дека примарната причина заради која што смета дека треба пописот да се одложи за следната година пред се е епидемиолошката состојба и грижата за здравјето на граѓаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега