Муцунски: Притисокот е енормен за штанцање на политички пресуди и поднесување на политички обвиненија

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, на тв дебата на Канал 5 Телевизија вечерва истакна дека во однос на датумот не треба да се посочува која земја е виновна за истото, затоа што фактите говорат дека ние имаме сериозно проблеми како држава, особено во делот на правосудството, притисокот е енормен да се штанцаат политички пресуди и да се поднесуваат политички обвиненија.

Муцунски посочи дека имаме сериозни проблеми во судството, имаме влада којашто три години нема превземено ниту една реформа мерка за реформа на правосудството,имаме влада којашто се занимаваше да и се обезбеди на осомничената Катица Јанева место како Заменик Републички јавен обвинител доколку не и продолжи мандатот, а потоа се виде виде како таа реформа наеднаш се повлече.

-Не е во ред кога личниот адвокат на премиерот Заев седи со републичкиот јавен обвинител ден пред да се носат крупни круционални пресуди, не е во ред на градоначалник на општина да му се јавува премиерот за одлука за промена на судија, а паралелно со тоа во јавното обвинителство по допрен глас да не отвори истрага за очигледно за многу сериозно и директно влијание врз правосудтвото, вели Муцунски.

Тој подвлече дека не е во ред 5 месеци пред актуелни парламентарни избори да имаме активни огласи за вработување на 2.200 лица во овој момент во јавната администрација. Треба да имаме влада којашто нема да ги вработува своите најблиски од семејството, која нема да дава на истите лиценци за садење на опојни дроги, нема да се занимава со давање на тендери на свои блиски пријатели и тоа е разликата што му треба на ова општество.

Тој исто така посочи дека требаат сериозни општествени промени и создавање на вредносен систем, за да не им текне на политичарите да влијаат врз судски одлуки и доколку истото го направат, да ја добијат највисоката казна. Ако сакаме суштински реформи ни требаат принципи кои нема да бидат декларативни туку ќе важат за секој од нас, вели тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2019 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега