Муцунски се огласи по добивање титула потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ: Ве уверувам сите, ќе бидеме промотор на добри политики

Ова ВМРО-ДПМНЕ ќе биде вистински промотер на добри политики, уверува градоначалникот на Општина Аеродром, а од вчера веќе и потпретседател на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

-Како политичка партија остануваме најцврст гарант за зацврстување на државноста, независноста, мирот, стабилноста, безбедноста, економскиот развој и историскиот континуитет на Македонија, пишува Муцунски на социјалната мрежа Фејзбук, доцна вчера по завршувањето на седницата на опозициската партија.

-Да се биде потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за мене претставува вистински мотив и предизвик, да продолжиме да ја градиме партијата, да ја развиваме демократски и да работиме за уште една убедлива победа на следните избори.
Сакам да се заблагодарам на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски и на членовите на Централниот комитет за укажаната доверба, но и на целокупното членство кое стои заедно со нас во овие времиња исполнети со предизвици, стои во објаавата на градоначалникот на Општина Аеродром.

01.02.2022 - 08:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега