Муцунски: Создаваме нова иднина - Средства има и ако се работи чесно ќе има за проекти

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во изјава од кај трговскиот центар Бисер кој се наоѓа во центарот општината најави дека ако ја освои довербата на граѓаните во неговиот градоначалнички мандат ќе има реновирање на сите основни училишта, а не само на едно, како што во својата програма предвидува неговиот против кандидат од редовите на Социјалдемократскиот сојуз.

Муцунски, исто така, најави и изградба на уште четири нови градинки во Лисиче, со цел да се задоволат потребите на граѓаните од овој дел на општината.

„Ние како политичка партија, планираме реновирање, не само на едно основно училиште, како што ветува СДСМ, туку на сите основни училишта. Не две градинки само во овој дел од општината, туку и градинки во Лисиче. Четири нови градинки се потребни таму“, истакна Муцунски.

Тој истакна дека пари за реализација на овие капитални проекти има ако се работи чесно и ако не се краде, затоа што општина Аеродром е општина со 20 милиони евра буџет, од кои пет се за капитални проекти.

„Општина Аеродром има 20 милиони евра буџет, од кој што околу пет милиони евра се за капитални инвестиции. Од каде средствата? Доколку се работи чесно, доколку се работи искрено, доколку не се краде може сето тоа да се реализира“, порача Муцунски.

Муцунски истакна дека неговата програма е амбициозна и реални, при што предвидуваат во општината на има зелени ѕидови, односно сите институции и јавни објекти ќе имаат зелени ѕидови кои ќе помогнат, сега загушената повторно да стане чиста општина Аеродром.

„Нашата програма е амбициозна, нашата програма е реална. Во општина Аеродром ќе има зелени ѕидови, не како оној позади камерите кој што се исушил, туку зелени ѕидови на сите институции, на сите јавни објекти, кој што тековно ќе се одржуваат, кој што ќе помогнат оваа загушена општина да стане повторно чиста општина. Работиме со план, со проект и денес заедно со потпретседателот се среќаваме со огромен број граѓани, претставници на деловната заедница бидејќи знаеме дека развој е возможен, доколку работите чесно, доколку работите со искрена намера“, рече кандидатот за градоначалник, Тимчо Муцунски.

Тој, меѓу другото, изрази жалење заради тоа што жителите на Аеродром, во недостиг на реализација на капитални проекти, на вчерашниот митинг на СДСМ беа сведоци недолично и вулгарно однесување на неговите политичките опоненти.

06.10.2021 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега