Муцунски укина уште 3 маркици за изградба на згради во општина Аеродром

Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, информираше дека општината продолжува со бришење на градежните маркици!

-На Аеродром му е потребна хумана урбанизација! На вчерашната седница на совет на Општина Аеродром на наша иницијатива избришавме уште три маркици во Реонски Центар. Станува збор за градежен простор од вкупно 13.200м2 планирана изградба на згради. Задоволен сум што Советот ја изгласа оваа иницијатива која е во интерес на аеродромци, извести Муцунски. 

Тој уште еднаш потсети дека се става акцент на зеленилото и хуманата урбанизација.

-Преку одговорно работење придонесуваме за што повеќе зелени површини во нашата општина, порача Муцунски. 

09.02.2022 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега