Муцунски: Власта прави проблеми, ги намали дотациите и трансферите за градинки и основни училиштa

Во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа, гостуваше градоначалникот на Општина Аердром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски кој истакна дека без никаков сомнеж прв приоритет му е Општина Аеродром и проектите кои ги работат. 
 
„Имаме многу предизвици пред нас, во првата година направивме многу. Има многу работи кои ги вративме во колосек по 4 години неработење и многу успешни проекти, можеме уште подобро и втората, третата и четвртата година ќе бидат уште поуспешни од првата година“, рече Муцунски. 
 
Тој посочи дека претходната недела започнале а наредената недела ќе завршат со доделување на таблет уред на дечињата кои се во 4-то одделение.
 
„Предизвиците со кои се соочуваме ние како општина се намалени дотации и трансфери кај градинките и основното образование. Ние оваа година реализиравме нула дополнителни трошоци во градинките, иако имаме намалени дотации и трансфери од централната власт“, изјави Муцунски. 
 
Муцунски потенцираше дека власта прави се што е возможно да создаде проблем на општините. 
 
„Често пати партијата која е на власт вели да се создаде консензус и обединување, но како ќе се создаде консензус и обединување кога се прави се што е возможно за да се создаде проблеми на општините“, дециден е Муцунски.

 

09.11.2022 - 23:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега