Муслиу: Трифонов не ја напушта владата само поради Македонија

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу смета дека напуштањето на бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) на владата на Кирил Петков поради Македонија е „само дел од шлагот што ги покрива причините“.

-Има јасен став на ЕК дека некои држави ќе имаат стопирање на фондовите после ковид-кризата. Неколку милијарди ѝ следуваат на Бугарија, има забрана за нив додека не се надмине спорот со нас. Не е тоа толку наивно. Се надевам дека нема ѝ другите да се закачат во Бугарија, па да испаднеме со приказната на Каракачанов. Колку и Македонија да е главна тема, сметам дека парите им се побитна тема во Бугарија. Секогаш е најлесно виртуелни теми да нафрлате. Мислам дека тоа му е вентилот. Ова е тема каде што слободно можете да си кажете и да измислувате разни изговори. Затоа лидерот на „ИТН“ Слави Трифонов ги поврза Македонија и фондовите од ЕУ, вели Муслиу во емисијата „24 анализа“.

08.06.2022 - 21:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа