МВР: 41 лице не го почитувало полицискиот час, уапсени 18

Благодарност до граѓаните кои ги почитуваат одлуките на Владата за ограничување на движењето на граѓаните како една од мерките за справување со корона вирусот, напиша техничкиот министер Наќе Чулев на својот фејсбук профил.

„Во таа насока согласно статистиката на МВР во текот на изминатото деноноќие:

Вкупно 41 лице не ја почитувале забраната за ограничување на движењето, 7 лица се на возраст до 18 години и 2 лица на возраст над 67 години.

Приведени се 18 лица, а за останатите земени се податоци за понатамошно постапување.

 На 186 лица се издадени решенија за изолација, а 350 лица потпишале изјава за самоизолација.

Во државен карантин се спроведени 4 лица“ напиша Чулев.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега