МВР демантира: Немаме издадено пасош на Радоје Звицер
Министерството за внатрешни работи испрати демант на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ дека МВР издали пасош на Радоје Звицер, за кого, според партијата, се верува дека планирал атентат врз српскиот претседател Александар Вучиќ.
-Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите пласирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека на извесен Радоје Звицер, му бил издаден македонски пасош. Потсетуваме и дека случајот „двојник“ е расчистен и за тоа веќе се изречени и судски пресуди, а сите патни исправи поврзани со оваа истрага се поништени во управна постапка и истите не се валидни односно не можат да се користат, велат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа