МВР го потврди инцидентот: Двајца скопјани повредени во пукотница

Двајца скопјани се повредени од огнено оружје во пукотница на улицата „Ферид Бајрам“, потврди МВР за „Плусинфо“.

Синоќа 20 минути по полноќ во полиција било пријавено дека на ул.„Ферид Бајрам“ биле слушнати истрели од огнено оружје.

– Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека И.А.(29) и С.Р.(35), двајцата од Скопје, биле повредени од огнено оружје и било оштетено патничко возило „ауди“, сопственост на Е.С.(33) од Скопје.

Повредените биле пренесени во болницата „Систина“ за укажување медицинска помош, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега