МВР потврди: Телото извлечено од водите на Вардар е на исчезнатата Даниела

Вчера околу 13 часот и 10 минути е пријавено дека во водите на река Вардар, кај железничкиот мост во село Горно Лисиче, скопско било забележано женско тело, соопштуваат од МВР.

Телото, без траги на насилство, е извлечено од страна на Противпожарна екипа.

По извршено идентификување констатирано е дека се работи за 40- годишната Д.П од Скопје, која е пријавена за исчезната на.11.02.2019 година.

По наредба на Јавен обвинител, телото е дадено за обдукција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2019 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега