МВР: Повеќе од 100 лица не го почитувале полицискиот час- 63 биле уапсени

Според статистиката на Министерството за внатрешни работи во текот на изминатово деноноќие на територијата на државата по однос на непочитување на забраната за движење во периодот од 21 до 05 часот полицијата евидентирала 103 лица кои не ја почитувале оваа мерка, при што 63 лица биле приведени во полициска станица, 31 лице се опоменати и воедно биле сочинети и девет записници на место на настан, соопштуваат од МВР.

 

Исто така, во текот на вчерашниот ден евидентирани се 39 лица на кои им се издадени решенија за изолација и 111 граѓани кои  на граничните премини потпишале изјави за самоизолација.

Извршени се и 61 контрола во угостителски и други објекти и утврдено е дека само во еден случај не се почитувале препораките и мерките на Владата. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2020 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега