МВР со детали: Ковид- позитивен пациент побегнал од болница, па починал на улица

Ковид- позитивен пациент побегнал од болница, по што после еден час бил пронајден мртов на улица.

-На 24.04.2021 во 00.35 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Мирче Ацев“ во Штип бил пронајден починат Д.Н.(75) од Пробиштип. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по преземени мерки било утврдено дека починатиот бил хоспитализиран во Модуларната болница во Штип како ковид-19 позитивен пациент, информираат од МВР.

Се работи на  расчистување на околностите под кои ја напуштил болницата. Увид извршила екипа од СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2021 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега