МВР со детали за пожарот во Тетово - се запали покривот од канцелариите на ФК„Шкендија“

Пожар избувна вчера околу 22 часот на покривот од станбено-деловниот комплекс наречен Чешел на градскиот плоштад во Тетово, при што нема повредени лица. Пожарот избувнал на покривот од деловните канцеларии, а го изгаснале девет пожарникари со три возила.

 

- На 12.07.2020 во 23.40 часот во СВР Тетово, Љ.И.(42) од Тетово пријавил дека настанал пожар на покривот од канцелариите на ФК„Шкендија“, лоцирани на Градскиот плоштад во Тетово. Нема повредени лица, а со интервенција на тетовската Територијална прототивпожарна единица огнот целосно бил локализиран. Увид ќе се врши во текот на денот - потврдија и од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега