МВР со детали за превртениот камион на патот Скопје -Тетово


Вчера во 18.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, кај мостот на река Вардар во тетовско Желино, товарно возило „волво“ со српски национални ознаки, управувано од Ж.Ј.(65) од Република Србија, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

21.05.2024 - 12:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега