МВР со детали за трагедијата во Охрид: Пијан влегол во езерото - пријателите го извлекле безживотното тело

Маж се удавил во Охридското Езеро вчера попладне, откако во алкохолизирана состојба влегол со пријателите да се капе во езерото, информираше полицијата.

-На 03.07.2020 во 14:20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Кеј Македонија“ во Охрид од водите на Охридското Езеро било извлечено безживотно тело на 49-годишниот С.Ј. од Охрид. Од екипа од итна медицинска помош бил извршен преглед и реанимација на давеникот по што била констатирана смрт. За настанот е известен јавен обвинител. На местото на настанот увид извршила  екипа од СВР Охрид при што било констатирано дека С.Ј кој бил под дејство на алкохол, и околу 14:00 часот заедно со уште три лица влегол во водите на Охридското Езеро, но по кратко време лицата забележале дека С.Ј. не излегол од вода по што го пронашле и го извлекле од вода. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција - соопшти МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2020 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа