МВР со детали за трагедијата во Струмица: Тракторот се превртел, а децата паднале во река

Двајца малолетници на возраст од 14 и 15 години загинаа вчера во сообраќајна несреќа на локалниот пат Добрејци и Пиперово.

-На 29.06.2020 во 15:15 часот било пријавено дека 15-годишник од село Добрејци и 14- годишник од с.Пиперево со трактор „ИМТ 539“, кој го управувал 14 годишникот, се упатиле кон место викано „Таре“ на реката Струмица за да ловат риби. Во еден момент, тракторот се превртел и паднал во реката, а малолетниците се удавиле. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа