МВР со детали за убиството на таткото и детето во Слупчане

Во 22 часот и 40 минути полициски службеници од Полициското одделение Матејче во атар на селото Слупчане, на место викано „Слупчански бунар“, пронашле патничко возило „Опел астра“ со скопски регистарски ознаки во кое билe две лица без знаци на живот.

Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово излегле на местото на настанот и било констатирано дека непознат сторител со огнено оружје пукал во 47-годишниот Е.С. и неговиот син кој имал 9 години.

По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.     

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2019 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега