МВР со првични детали за двојното убиство во кумановско Габреш

 

Министерството за внатрешни работи објави првични детали за двојното убиство кое попладнево се случи во кумановското село Габреш.

Причината за двојното убиство биле нерасчистени имотно-правни односи.

-Во 12.25 часот полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Д.Ѓ. (66) затоа што во село Габреш,кумановско  поради нерасчистени имотно правни односи пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д.Р.(63), и нејзините синови Ж.Р.(36) и Т.Р.(38). Итна медицинска помош констатирала смрт кај Д.Р. и Т.Р., додека Ж.Р.со повреди е пренесен во Општа болница Куманово. Увидот е во тек, велат од МВР.

21.02.2024 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега