МВР со важна информација за оние кои вадат нови документи

 

Поради големиот број на иселеници кои за време на престојот во Македонија аплицираат за добивање на нови лично документи се создаваат гужви во повеќето градови низ Македонија. Заменик министерот на МВР, Агим Нухиу за Алсат-М, кажа дека агажирани се дополнителни тимови кои ќе работат и за викенд.

„Ги следиме сите проблеми на граѓаните, па затоа Министерството за внатрешни работи ќе издава пасоши и во сабота и недела. Ангажиравме дополнителни кадри кои работат во две смени и максимално го користиме капацитетот на техничката опрема што ја поседуваме. Во овој контекст би сакал да ги повикам сите граѓани кои имаат потреба да вадат пасоши да не чекаат, туку што поскоро да се упатат кон шалтерите на министерството за да можат што побрзо и во одредениот период да добијат пасоши и други лични документи“, кажа Нухиу.

Според него проблем била и старата техника која нема голем капацитет на производство на документи. Поради тоа, МВР наскоро ќе се опреми со нова опрема.

„Во овој контекст сакам да кажам дека сме во последната фаза на набавка на нова техничка опрема која ќе има поголем капацитет за производство и еднаш засекогаш да немаме проблеми за граѓаните во контекст на вадење пасоши и други лични документи“, рече Агим Нухиу.

 

 

 

 

10.08.2018 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега