МВР: Три лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава на 651 лице им се издадени решенија за изолација, а 346 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници, соопшти денеска МВР, извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што три лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, ќе бидат спроведени во државен карантин на сопствен трошок, а ќе им бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ.

По однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 618 прекршоци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа