МВР уапси две лица кои нелегално престојувале во државата

МВР информира за два различни случаи за апсење на индивидуи кои нелегално престојувале во нашата држава. Едното приведување се случило, вчера по полноќ, а другото на 21 октомври.

За првото, надлежните информираат дека ноќеска (22.10.2021) околу 01.30 часот, во акциска контрола спроведена од полициски службеници на МВР во угостителски објект во  гостиварски Добридол, приведена е 25-годишната Т.Г. од Република Србија, поради сомнение за нелегален престој.

„Таа е задржана во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка“, велат од МВР.

А пак, вториот случај е лице, кое на 21.10.2021 во 21.30 часот на Граничен премин „Табановце“ од полициски службеници  бил приведен. „T.M.(26) од Холандија, затоа што по извршена пасошка контрола било констатирано дека незаконски престојувал во државата. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка“-дополнуваат надлежните.

22.10.2021 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега