МЗ: 18 новозаразени со коронавирус во земјава, 2 лица починаа - од инфективна си заминуваат 5 оздравени пациенти

На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Во својот стан во Кавадарци, пак, е пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот.

Како што соопшти Министерството за здравство, од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани пет оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 18 нови случаи позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 7, Куманово – 2, Прилеп – 4, Битола – 2, Кавадарци -1 (починатиот), Крушево – 1 и Кочани -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 617 лица.

На Инфективната клиника примени се четири нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои седум пациенти се на механичка вентилација.

Во болницата „8 Септември“ примени се четири нови сомнителни пациенти на коронавирус. Вкупната бројка на позитивни и сомнителни на Ковид-19 во оваа болница е 26 пациенти, од кои осум се во тешка состојба, а тројца пациенти се на респираторна машина.

Во болницата во Штип, како што соопшти Министерството, нема нови примени пациенти на болничко лекување. Во моментов се хоспитализирани четири пациенти, од кои еден пациент со средно-тешка клиничка слика со пневмонија и три стабилни.

Во болницата во Битола исто така нема прием на нови пациенти. Во моментов четири пациенти кои се на хоспитален третман се стабилни.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во: Скопје – 261, Куманово -130, Дебар – 49, Штип-20, Прилеп – 38, Тетово – 29, Струга – 28, Велес – 10, Битола – 8, Охрид – 3, Кавадарци – 3, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш – 4, Крушево – 3 и Кочани – 18.

Во изминатото деноноќие направени се 351 теста. Од нив преку ИЈЗ-185, преку Ветеринарен факултет –19, Авицена –22 , Биотек –25  и Фипил Втори (Жан Митрев) –100 . Досега во земјата се направени 6.230  тестирања на Ковид-19. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега