МЗ: Медицински симулациски центар - со обучен кадар создаваме капацитети според европски критериуми, знаењето го претвораме во искуство

 

Со функционирањето на Медицинскиот симулациски центар во кој се обучуваат специјализанти, студенти по медицина, тимови на брза помош, персонал од интензивна нега, гинекологија, неонатологија, се создаваат капацитети кои одговараат на највисоките европски критериуми и каде подготвеноста на кадарот произлегува од стратешки поставен модел на постојана едукација и работа, велат од Министерството за здравство.

Со нови 600 специјализанти и над 1250 вработувања низ здравствените установи во последните 45 дена, додаваат, се проектира здравството според реалните потреби на граѓаните. 

Симулаторите во МСЦ, потенцираат оттаму, се врвна технологија, на кои може да се симулираат речиси сите патолошки појави и состојби на човекот. Тоа е средина каде што знаењето се претвора во искуство, а искуството станува сигурност за секој живот што зависи од здравствениот систем.

-Создаваме капацитети кои одговараат на највисоките европски критериуми и каде подготвеноста на кадарот произлегува од стратешки поставен модел на постојана едукација и работа. Со нови 600 специјализанти и над 1250 вработувања низ здравствените установи во последните 45 дена, го проектираме здравството според реалните потреби на граѓаните. Нашиот пристап е јасен - инвестираме во луѓето, велат од Министерството за здравство од каде потенцираат дека таа визија се претвора во практика преку успешното функционирање на Медицинскиот симулациски центар.

16.08.2025 - 11:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега