МЗ: Заштитната маска, дистанцата и хигиената на раце се клучни во борбата со ковид-19

Министерството за здравство повторно упатува апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

Според Министерството, носењето заштитна маска, одржувањето физичка дистанца и миењето раце – одржување на хигиена се единствените мерки кои може да го стопираат ширењето на вирусот. Тие се клучни во борбата со КОВИД-19.

-Вчера, министерот за здравство Венко Филипче истакна дека Законот за заштита од заразни болести веќе е во собраниска процедура и со амандманска интервенција ќе има можност веќе следната недела да се интервенира. Тој очекува измените во законот да се носат по скратена постапка, да се донесат новите мерки со цел спречување на ширењето на КОВИД-19. Насекаде во светот, во Европа и во нашата држава бројот на новозаболени од ковид-19 расте. Ризикот кој го носи есента е сериозен аларм дека мора доследно и во целост да се почитуваат универзалните мерки за заштита на индивидуалното и јавното здравје, уште повеќе заради тоа што временските услови се менуваат, а граѓаните почнуваат се повеќе да функционираат во затворени простории, наведува Министрството и уште еднаш повторува дека засега единствениот начин за заштита од вирусот секаде во светот, не само кај нас, е заштитна маска, потребното физичко растојание и редовна и темелна хигиена на рацете.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2020 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега