На 33 осто обработени податоци СДСМ води со тројца пратеници, велат од партијата

СДСМ на 33 отсто обработени податоци од гласањето на предвремените парламентарни избори води со тројца пратеници. Трендот е  во постојан раст, брифираат извори од СДСМ за МИА.

Првичните резултати коишто стигаат до мене од избирачките места покажуваат огромно водство на СДСМ и коалцијата „Можеме“. Очекуваме сигурна победа за СДСМ, сигурна победа и чист мандат за коалцијата „Можеме“. Победа за нашиот концепт кој што води напред кон развој и европска интеграција, истакна претходно денеска на прес-конференција генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски по затворањето на избирачките места.

Тој упати благодарност до сите граѓани што излегле да гласалаат,  почитувајќи ги мерките за заштита од корона вирусот и го дале нивниот придноес кон развојот на нашето демократско општество.

– Сведоци сме на демократски и професионално спроведен изборен процес и затоа треба да бидеме горди.  Во овие вонредни околности уште еднаш потврдуваме дека нашите институции можат да се носат со сите предизвици и пред се да ги заштитат граѓаните нивното здравје но и да обезбедат слободен, фер и демократски изборен процесм нагласи Николовски.

Тој посочи дека изборниот ден минал во најдобар ред.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 22:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега