На 9 дена пред стартот на грејната сезона се уште не се знае како ќе се грее Скопје

На 9 дена пред првиот проектиран датум за старт на грејната сезона, Владата без информации за тоа дали и од каде ќе набави енергенси за греење на Скопје, пишува Телма.
Како што јавува телевизијата, нема одговор ниту до каде е договорот со ТЕ-ТО, приватен капацитет врз кој Владата гради најголем дел од планот за греење на Скопје зимава имајќи предвид дека властите очекуваат токму оваа централа да произведе околу 70% од топлинската енергија.
ЕСМ се согласи да го преземе парното греење, откако  БЕГ  ги загуби  трите лиценци. За да може да ја врши работата на Балкан Енерџи ,  државните електрани  формираа и три компании, за снабдување, дистрибуција  и производство.
Согласно законот, парното во Скопје треба да почне да се загрева на 1 октомври доколку надворешните температури бидат ниски. Во зависност од потребата за греење, грејната сезона не може да почне подоцна од 15 октомври

Проблем има и со сопственоста на топланите кои лани ги купи компаниајта Адора. За преговорите прочитајте тука

 

22.09.2022 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега