На банкнотите од 500 евра им дојде крајот- последните две земји ќе престанат со издавање

Германската и австиската централни банки банкнотата од 500 евра ќе ја издаваат само до овој петок (26. април).

Меѓутоа, ова не ја зголеми побарувачката на банките за банкнотата со овој износ. Останатите 17 банки на земјите внатре во еврозоната, ретко ги имаат видено розевите банкноти, затоа што престанаа да ги издаваат уште на крајот на јануари.

„Централните банки во Германија и Австрија досега најмногу печатеа банкноти од 500 евра. Затоа се одлучи тие да бидат и последните кои ќе престанат со издавањето. Поради тоа што тоа е голем логистички потфат сите банкноти од 500 евра да се заменат со банкноти од 100 евра“, вели претседателот на Германската централна банка Јоханес Берман за „Frankfurter Allgemeine Zeitung“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2019 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега