На ГП „Долно Блаце“ пронајдено возило барано од Интерпол


Вчера во 15.40 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Џ.Р.(39) од с.Црн Врв, општина Студеничани.

При извршена гранична контрола било констатирано дека патничкото возилото „џип компас“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, сопственост на правно лице од Италија, евидирало во базата на Интерпол како украдено. Тој бил задржан во Полициското одделение Мирковци, а возилото било одземено за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.   

28.03.2024 - 11:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега