На милион деца во Лондон ќе им биде понудена вакцина против детска парализа
На околу еден милион деца под 10-годишна возраст во Лондон ќе им биде понудена итна вакцина против детска парализа, откако ќе се потврди дека вирусот се шири низ градот.Вирусот за првпат е забележан во Велика Британија пред околу 40 години, кога бил пронајден повеќе од 100 пати во канализацијата, пишува „Дејли мејл“.
Познато е дека вирусот предизвикува парализа кај еден од 100 случаи на инфекција, а може да биде поопасен за децата.
Властите во Велика Британија објавија дека вирусот е откриен 116 пати, но досега никој официјално не е дијагностициран со вирусот. Надлежните истакнаа дека ризикот за јавноста во моментов е низок бидејќи граѓаните се заштитени поради примањето вакцини во детството.
Сепак, вирусот е најмногу откриен во оние предградија каде стапките на вакцинација се меѓу најниските во ОК. Наскоро во тие области треба да започне кампања за итна вакцинација, а на родителите им се советува да ги вакцинираат своите деца „што е можно поскоро“, дури и ако децата редовно се вакцинираат против детска парализа.
Петте предградија каде што е забележана појава на вирусот имаат најлоша стапка на вакцинација во земјава, каде што вакцината ја примиле само околу 54,7 отсто од децата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа