На пациент во Струмица му се дава медицинска помош пред болница, внатре нема место (ВИДЕО)

Медицинска помош наместо во болница, на пациент во Струмица му се дава надвор од објектот, јавува „Фактор“.

Видеото е испратено од читател. Според неговите тврдења, станува збор за струмичката болница, која поради преполнетите капацитети, не може да ги собере сите граѓани, па на дел им се дава инфузија, односно медицинска помош и надвор од болницата, односно точно пред нејзиниот влез.

Она што може да се види, е дека веројатно станува збор за помлад пациент, за кого можеби и нема потреба од целосна хоспитализација.

Фактор нема точна информација кога е направено видеото.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.10.2020 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега