На патот Дебар–Струга целосно изгоре автомобил: „Притекнавме на помош и гасневме со противпожарни апарати“

На патниот правец Дебар-Струга вчера попладне од се уште непознати причини на дванаесеттина километри од Дебар се запалил автомобил во движење, но за среќа нема повредени.

-Вчера околу 13:00 часот, на патот Дебар-Струга, во близина на дебарското село Отишани, опожарен е патнички автомобил „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управуван од С.И.(47) од Скопје. Пожарот се појавил во текот на управување, во предниот дел на возилото по што возачот веднаш го сопрел возилот и со сопатникот М.Р.(29) од Скопје, го напуштиле автомобилот кој, набрзо целосно изгорел, изјави за МИА,Стефан Димоски,портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според очевидци голема среќа е што двете лица од возилото излегле на време,со што е избегната голема трагедија.

-Притекнавме на помош и гасневме со противпожарни апарати,но пожарот наеднаш го зафати целото возило. За рекордно кусо време пристигна и возило на Територијалната противпожарната единца од Дебар но возилото целосно е уништено, вели очевидец.

Од Општата болница во Дебар, потврдуваат дека по добиен телефонски повик екипа на итна медицинска помош била испратена на местото на несреќата. Двете лица биле префрлени во болницата, истите немале повреди само претпрен голем шок. По дадената потребна лекарска помош и престој во болницата од неколку часа се пуштени дома. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега