На патот за Центар Жупа се запали автомобил во движење

Вчера во Одделението за внатрешни работи – Дебар е пријавено дека настанал пожар во патнички автомобил „сеат ибица,“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на С.С. од Дебар, додека се движел на регионалниот пат Дебар-Центар Жупа, во близина на селото Мелничани, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додаде дека повредени лица нема, а во гаснењето интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар. Пожарот се појавил во текот на управување, во предниот дел на возилото по што возачот веднаш го сопрел возилото и со сопатникот го напуштиле автомобилот кој, набрзо целосно изгорел.

17.08.2022 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега