На Садула Дураку секој месец му плаќаме по 50.000 денари за во кафана

Министрите, нивните заменици и државните секретари изеле над 7 милиони денари по кафеани и ресторани во земјава и странство за 6 месеци, објави Владата во својата алатка за отчетност.

Вкупните угостителски услуги во земјата и странство на министрите, замениците министри и државните секретари во 2018 изнесуваат 7 милиони 66 илјади 165 денари“ – стои во соопштението од Владата во кое се додава дека овие трошоци се далеку помалку од она што претходната влада го трошела. Според владината прес служба, претходниот состав за истиот временски период во 2015 година потрошил над 19 милиони денари.
Според објавените податоци, најгладен бил министерот Садула Дураку кој за 6 месеци во кафеаните низ Македонија потрошил над 306.000 денари или по нешто повеќе од 50.000 денари месечно. Математиката вели дека Дураку, секој ден во кафеана од државна сметка трошел во просек по нешто повеќе од 1.600 денари.
Заев во кафеаните низ Македонија трошел во просек по 40.000 денари месечно и дополнително уште околу 27.000 денари месечно за ресторански услуги во странство. Премиерот направил и 1.6 милиони денари сметка во бифеата и рестораните кои се сопственост на државата.
По околу 1000 денари дневно граѓаните плаќаат и за ресторанските сметки на минситерот Дамјан Манчевски кој за 6 месеци стокмил сметка од 217.000 денари.
Најмногу пари за телефон му плаќаме на Бујар Османи. Неговата сметка во просек е над 20.000 денари месечно односно, за 6 месеци тој потрошил над 130.000 денари за телефон. Зад него е Царовска со просечна сметка од 10.000 денари месечно.
Иако има службен автомобил, сепак, на Венко Филипче му требале околу 15.000 денари за такси во последните 6 месеци, односно, за неговиот такси превоз граѓаните во просек плаќале по околу 2.500 денари месечно.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2019 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега