На скопскиот аеродром приведен гостиварец заради загрозување на сигурноста

На Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ е приведен М.М.(28) од Гостивар, кој потоа е предаден на Полициската станица Гостивар, затоа што се барал со централен распис од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, информира МВР.

На 06.07.2020 против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, предвидено во член 144 став 4 од Кривичниот законик.

 М.М. се сомничи дека преку социјалните мрежи упатувал закани односно ја загрозил сигурноста на функционер на Владата на Република Северна Македонија. М.М. е задржан во Полициската станица Гостивар и ќе биде изведен пред судија во претходна постапка во Основниот суд Гостивар.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега