Нацев: Во овој момент треба дополнително да се провери безбедносниот сертификат на Јовче Ременски

Началникот во АНБ и сопруг на осомничената пратеничка и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски, Јовче Ременски, ќе треба да подлежи на дополнителни проверки на за сертификатот за безбедност - неопходен за работната позиција негова во Агенцијата.

Ова, според познавачите, треба да се спроведе согласно законот заради тоа што близок член од неговото семејство е под истрага.

– Законот за класифицирани информации предвидува дека доколку лицето кое е осомничено или обвинето за некакво дело веднаш му се проценува потребата за поседување на безбедносен сертификат и се прекинува важноста на тој сертификат . Во овој случај Јовче Ременски не е осомничен или обвинет, но бидејќи тој поседува веројатно највисок степен на безбедносен сертификат а тоа е државна тајна во оперативните проверки се проверуваат и членовите на потесното семејство . Јас ценам дека во овој момент можеби е подобро да се направи една нова оперативна безбедносна проверка по актуелните случувања која што ќе покаже дали тој бил вклучен или не бил вклучен во дејствијата кои ги превземала неговата сопруга , вели проф. Александар Нацев -Поранешен директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, за ТВ Алфа.

Според Нацев, ако проверките се вршат, многу ќе биде важно кој тоа го прави.

-Господинот Ременски е вработен во сегашната агенција за национална безбедност или поранешна УБК, на место на кое има директно влијание врз лицата врз оперативците кои ја вршат таа оперативна безбедносна проверка, тука настанува еден проблем дали тој ќе го искористи своето влијание врз тие лица, за да ја направат безбедносната проверка во негова полза , изјави Нацев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 23:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега