Над 17.000 лица во Македонија оздравеле од коронавирус - 834 починале

Нов рекорд со бројот на новозаразени беше забележан вчера во Македонија. Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа регистрирани се 594 нови случаи со коронавирусот од направени 2617 тестирања.

Од Ковид-19 досега оздравеле 17 239 лица во земјава, покажуваат податоците на Министерството за здравство.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на пандемијата изнесува 23628. Бројот на починати лица ја надмина бројата од 800 и заклучно со вчера изнесува 834 лица.

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5555.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 08:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа