Над 50 граѓани со скршеници од мразот во Тетово

Врнежите од снег и ниските температури ги покрија улиците и тротоарите со мраз, поради што одреден број граѓани се пожалија на фрактури. Само во Клиничката болница во Тетово помош побарале над 50 пациенти кои се здобиле со скршеници, објави ТВ21.

-За пет дена на Одделот за ортопедија при Тетовската болница се примени над 50 пациенти со фрактури, од кои тројца се оперирани, а останатите се пуштени на домашно лекување. Во овој број се опфатени и лицата кои се здобиле со повреди на ски-центарот Попова Шапка. Најголем број телесни повреди предизвикани од лизгање се регистрирани кај децата и постарите лица, а најчести се повредите на екстремитетите, велат од одделот за ортопедија во Тетово.

Оттаму апелираат да не се излегува надвор без потреба и да се носат соодветни обувки и облека. 

24.01.2022 - 21:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега