Над 500.000 граѓани ќе плаќаат повеќе данок со новата даночна реформа на Владата

 

Со новите даночни измени предвидено е зголемување на стапката на оданочување на капиталните добивки на 15%, каде опфатот е значајно поголем отколку зголемените даноци кои би се прибирале по основ на плата.

Иако имаше информација дека само околу 30-тина илјадипобогати граѓани ќе бидат опфатени со даночните промени, во пракса нема да е така. Со покачувањето на персоналниот данок на добивки остварени од капитална добивка, од досегашните 10% на предложените 15%, ќе се опфатат дивиденди, авторски договори, кирии и игрите на среќа.

Според досегашните истражувања за учество на граѓаните во овој вид игри на среќа, во Македонија преку 50% од полнолетното население консумира ваков тип на социјална забава. Односно, најавената даночна реформа директно засега преку половина милион граѓани со тоа што ќе им биде за 50% зголемен персоналниот данок на нивните добитни тикети.

Структурата на учесниците во игрите на среќа е разнолика, ги опфаќа сите старосни категории на полнолетни лица и сите националности, а главни клиенти на игрите на среќа и обложувалниците претежно се граѓани со средна и ниска економска моќ

 

 

 

09.11.2018 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега