Над половина милион луѓе во светот се заразени со коронавирусот, но во неколку држави е вистински пекол

Повеќе од половина милион луѓе во светот се заразени со коронавирусот откако започна пандемијата во декември, објави Франс прес, повикувајќи се на официјални податоци.

Инфицирани се вкупно 501.556 лица, од кои 22.920 починале во 182 земји и територии низ целиот свет. Во Кина, каде што за прв пат се појави вирусот, заразени се 81.255 луѓе, од кои 3.278 умреа.

Италија има највисока стапка на смртност, заразени се 80.539 лица, а починале 8.165.

Во САД починаа 1.070 луѓе, а 82.400, се заразени.

Повеќе од 15.000 луѓе починале во Европа, со најголем број смртни случаи во Италија, Шпанија и Франција.

Париз оценува дека бројот на пријавените не го одразува вистинскиот број на пациенти, бидејќи многу земји тестираат само лица кои имаат потреба од болничка нега.

Новиот коронавирус би можел да убие повеќе од 81.000 луѓе во САД во наредните четири месеци, а епидемијата не треба да се очекува да заврши пред јуни.

Тоа го покажува анализа на податоци извршена од Факултетот за медицина на Универзитетот во Вашингтон.

Најголем број хоспитализирани пациенти заразени со коронавирусот на државно ниво се очекуваат во втората недела од април, со проценка дека може тоа да се случи подоцна во други сојузни држави.

Смртни случаи може да бидат регистрирани дури и во јули, иако нивниот број ќе падне под границите на епидемијата, на помалку од 10 на ден, велат аналитичарите.

Анализата, која се потпира на податоци од Владата, болниците и други извори, предвидува дека бројот на смртни случаи во САД би можел да варира широко, од најмалку 38.000 до максимум 162.000 луѓе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега