Најбогатиот човек на светот го зголеми своето богатство

Богатството на Џеф Безос повторно се зголемило. Најбогатиот човек на светот сега е побогат од било кога.

Откако луѓето ширум светот за време на пандемијата се насочија кон онлајн купувањето, Амазон имал огромен прилив на пари.

Уште од февруари, Безос носел пресметани одлуки кои само му ја зацврстиле позицијата на врвот на листата на најбогати. Дури и после разводот, поради кој на својата поранешна сопруга морал да ѝ исплати 36 милијарди долари, неговото растечко богатство е незапирливо.

Неговиот претходен рекорд бил во септември, 2018-та година, тогаш Амазон ‘бил тежок’ 167,7 милијарди долари. Сега овој број се искачил на 171,6 милијарди долари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега